Поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон кој живее во Белгија, го предлага претседателот на Европскиот совет Доналд Туск да посредува во кризата меѓу шпанските власти и приврзаниците за каталонска независност.

Во кинигата „Каталонската криза, можност за Европа“, Пучдемопн наведува дека Европа се воздржала од каков било официјален коментар, и тоа според него, „остава можност“ за посредничка улога.

– Постои човек кој може да ја преземе таа улога, тоа е Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, наведува тој во книгата, Според Пучдемон, Туск е „единствен чии ставови досега биле многу коректни“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 20:55