Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, изјави дека неговиот играч, Лионел Меси, требало да ја освои наградата за најдобар светски фудбалер во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а не фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

- Секој има свое мислење, така и јас. За нас, Лео е најдобриот во светот, изјави Валверде за шпанските медиуми.

Халфот на Реал Мадрид и хрватскиот национален тим беше избран синоќа во Лондон за најдобар играч во светот.

- Тоа е награда која е наречена „Најдобар“ (The Best), а играчот кој беше најдобар за нас во светот не беше таму ... Модриќ е одличен играч кој имаше одлична сезона, рече тренерот на Барселона.

Ниту Меси, ниту Кристијано Роналдо не присуствуваа на церемонијата во Лондон.

Ова е прв пат од 2007 година Меси или Роналдо да не ја освојат наградата која се доделува од ФИФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2018 23:36