Капитенот на Интер, Мауро Икарди е најзаслужен за новите три бода од синоќешниот дуел со Фиорентина.

Икарди погоди од пенал на истекот на првото полувреме, а во 77.минута му асистираше на Д’Амбросио за победнички гол. Фиорентина изедначи преку Киеза во 53.минута.

Ова беше првиот натпревар од 6.коло во Серија А.

И Интер и Фиорентина имаат биланс од три победи, два пораза и еден нерешен исход.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 10:41