Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека е подготвен за „нов почеток“ во односите со Пјонгјанг и за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
На седницата на Генералното собрание на Обединети нации, Абе истакна дека на средбата би се разговарало за случаите на киднапирани јапонски цивили во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.
- За да се реши проблемот со киднапираните, подготвен сум да ставам точка на меѓусебната недоверба, подготвен сум за нов почеток и состанок очи во очи со претседатлот Ким Џонг-ун.