Средбата помеѓу претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Њујорк, според грчките медиуми минала во добра атмосфера, во споредба со тензичната претходна посета на Ердоган на Грција.

За време на средбата турскиот претседател го поканил Ципрас да го посети Истанбул. Ципрас побарал намалување на тензиите во Егејско Море и почитување на меѓународното право од страна на Турција. Се разговарало и за доследно спроведување на мигрантскиот договор меѓу Европската унија и Турција, каде Грција очекува побрзо и поефикасно враќање на мигрантите кои преку Турција пристигнуваат на грчките острови.

Ердоган категорично побарал од Ципрас да ги врати осумте турски офицери кои пребегаа со турски воен хеликоптер по неуспехот на државниот удар во Турција во 2016 година. Грчките судови го одобрија барањето за азил на дел од офицерите и сите засега остануваат во Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 11:31