Претставници на рекламната индустрија и на интернет компаниите подготвија предлог правилник за борба против ширењето лажни вести во Европската унија.

Еврокомесарката за дигиталната економија Марија Габриел оцени дека ширењето лажни вести ја поткопува довербата во демократските процеси во Европа и мора да биде запрено.

Некои од правилата кои се предлагаат предвидуваат транспарентност при објавувањето политички реклами и создавањето анонимни профили.

Предупредувајќи на можноста да се влијае врз исходот на изборите за Европскиот парламент во 2019 година, Габриел побара можност интернет порталите да бидат повикани на одговорност, доколку преку нив се шират лажни и непроверени вести во пресрет на гласањето.

Со правилникот се предвидува и можност за кратење на средствата за реклами за порталите кои шират лажни вести.

Предвидено е правилникот ќе се применува на доброволна основа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 14:16