Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјави дека не е во ред членки на Европската унија да и нудат финансиска помош за Турција.
Изјавата на Хан доаѓа во пресрет на посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Германија, каде се очекува да се отвори прашањето за германска финансиска помош за Анкара.
Турција се соочува со монетарна криза и пад на вредноста на турската лира во однос на доларот за 40 проценти од почетокот на годината, како резултат на тензиите во односите со САД.
- Оваа состојба не може да биде решена од страна на Европската унија или од одделни членки на ЕУ кои нудат пакети со помош или кредити за Анкара. Не е неопходно да навлегуваме во тоа во оваа фаза, изјави Хан.