Поранешниот играч од средниот ред на Рома, Раџа Наинголан, кој од летоска ги брани боите на Интер, во интервју за „Скај Спорт“ ги сподели своите амбиции со „црно-синиот“ дрес.
А најголемата, секако, е Белгиецот да освои трофеј со Интер.
- „Давам се од себе за овие бои откако дојдов во Интер. Морам да ја подобрам играта, но наскоро ќе бидам во најдобра форма. Тука ме примија многу добро и се чувствувам како дома. Среќен сум, што сум дел од Интер и се надевам дека ќе имам многу позитивни емоции. Ја започнавме сезоната лошо, но сега сме повторно на вистинскиот пат. Сакаме да освоиме трофеј. Досега не сум освоил таков и се надевам дека дојде вистинскиот момент. Добивме два важни натпревари со Сампдорија и Фиорентина. Ние сме силен тим и зависи од нас дали ќе продолжиме да ја подобруваме нашата игра, смета Наинголан. Тој упати и пофални зборови за својот ментор, Лучано СПалети, со кој заедно соработуваше и во Рома. - Спалети и сите тука ме сакаа во Интер. Тој е тренер кој многу ме поддржува и тоа ми е важно. Сега уживам во моментот. Има многу ентузијазам меѓу навивачите и тимот. Да играш пред пол стадион те полни со енергија. Ќе се потрудиме да победиме на секој натпревар. Сакаме да им дадеме на нашите фанови многу позитивни емоции, рече меѓу другото белгискиот репрезентативец.