Претседателот на САД Доналд Трамп денеска претстави мировен план за Блискиот исток за следните „два,три или четири месеци“.

Во изјавата на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Трамп објави решение за израелско-палестинскиот конфликт врз основа на заедничко постоење на две држави.

Палестинците „ќе се вратат на преговарачката маса", рече тој.

Потоа, Трамп се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Европејците ќе „се однесуваат добро" по прашањето на Иран. „Само гледајте", рече тој на почетокот на разговорите со Нетанјаху.

Американскиот претседател го изјави ова, иако ЕУ објави механизам за решавање на договори со Иран за да ги избегне американските санкции.

Претходно денеска, Трамп нагласи дека наскоро ќе го соопшти датумот и местото на неговиот следен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.

-Во блиска иднина ќе се сретнам со претседателот Ким, им изјави Трамп на новинарите.

Запрашан што треба да направи Северна Кореја пред неговиот следен состанок со нејзиниот лидер, американскиот претседател одговори дека е „постигнат огромен напредок" од минатата година.

-Тие ја денуклеуризираат Северна Кореја и имаме прекрасни врски меѓу нашите две земји, рече Трамп.

Американскиот претседател рече дека „сите опции се на маса" за Венецуела.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 19:29