Додека екипата на Рома ја бара формата од минатата сезона, во клубот од италијанската престолнина избувнаа проблеми предизвикан од автобиографијата на легендарниот Франческо Тоти, која ќе биде претставена утре. Претходно беа извадени неколку цитати од споменатата книга, а во нив Тоти ја припишува причината за повлекувањето од фудбалот на членот на Извршниот комитет во клубот - Франко Балдини. Во книгата, легендарната „десетка“ споделува разговор со Балдини, со кој се среќава во Лондон во јули 2017 година. Италијанските медиуми објавија денеска информација дека Балдини поднел оставка, која треба да биде разгледана од страна на претседателот на Рома, Џејмс Палота. - Ова се зборовите на капитенот. Не гледам како можам да разговарам за нив и да ги ставам под сомнение, беше краткиот коментар на Балдини за „Ил Романиста“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 19:50