Ирански риал достигна денеска рекордно ниска вредност во однос на доларот, поради влошувањето на економската ситуација во Иран и повторно воведување американски санкции.
За еден долар се добиваат 170.000 риали.
Риалот од почетокот на годината загуби 75 проценти од својата вредност.
Иранската валута паѓа со месеци поради лошата економија, финансиските тешкотии и високата побарувачка за долари меѓу Иранците, стравувајќи дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор 2015 година и обновените санкции на САД би можеле да го намалат извозот на иранската нафта и други стоки.
Санкциите против иранската нафтена индустрија треба да стапат во сила во ноември.
Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера во говорот пред Генералното собрание на ОН изјави дека САД водат „економска војна" против Иран со еднострани санкции.