Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги изрази загриженост поради отсуството на Иско Аларкон, кој ќе биде надвор од игра следниот месец, откако беше подложен на операција. - Се надевам дека Иско ќе може брзо да се опорави. За жал, секое отсуство на играч поради повреда е лоша вест за нас. Сепак имам целосна доверба во составот. Немав можност да разговарам со Иско. Се надевам дека тој брзо ќе може да се врати во форма, изјави тренерот на Реал Мадрид пред вечерашниот дуел со Севиља. Тој изјави дека претстојната недела е многу тешка и „одлучувачка“ за Реал Мадрид и дека ќе направи некои ротации за денешниот меч. - Севиља е добар тим, кој располага со фудбалери кои се приспособија кон системот и начинот на игра на Мачин. Очекувам многу голем натпревар против многу силен ривал, вели поранешниот селектор на Шпанија. Запрашан за ВАР, стратегот на „кралскиот“ клуб смета дека тој несомнено им помага на судиите во донесувањето одлуки. - Се разбира, постојат различни ставови за темата, бидејќи не постои перфекционизам, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 20:35