За Централниот регистар на Република Македонија постапката за вработување е целосно транспарентна и спроведена согласно Законот за Централен регистар, сите позитивни законски норми и општи акти на Централен регистар, како и согласно Колективниот договор склучен помеѓу директор на Централен регистар и претседателот на Синдикалната организација на ЦР.
- Согласно законот за ЦР и Законот за работни односи, директорот на ЦР има потпишано нови договори за вработување со сите вработени за коишто нема ниту жалби ниту приговори од ниту еден вработен, наведуваат од Централниот регистар во демант на изјавата на пратеничката Невенка Стаменковска, поврзана со вработувањето во Централниот регистар на РМ
Во демантот посочуваат дека Централниот регистар на РМ, како транспарентна институција, стои на располагање да ја информира пратеничката за сите позитивни законски норми, одредби и прашања кои се однесуваат на работата и процесите што се одвиваат во институцијата, бидејќи, како што велат, е несвојствено за претставник од законодавниот дом, кој ги гласа законите, да не ги познава истите.