На 25 септември во Скопје се одржа настанот Womenpreneurs Speak кој има за цел да ги слави и сподели успешните приказни за инсиративните жени во бизнисот.

На настанот една од говорниците беше и Валентина Тасева, сопственичката на Семос Едукација, Цертиадриа и Clearview.

Според Валентина Тасева, влијанието на жените во бизнисот кај нас е на едно завидно ниво, и среќна е што има се повеќе жени претприемачи.

"Јас не ја планирав својата кариера. Започнав на 27 години, а денеска сум сопственик на три компании. Среќна сум што гледам се повеќе успешни жени претприемачи кај нас, покрај тоа што живееме во едно конзервативно општество. Секој од нас треба да инвестира во себе, немаме никакви граници, освен оние сами кои ќе си ги поставиме. Најважно е жената кај нас никогаш да не престане да се едуцира, да се усовршува во сферата во која делува, бидејќи бизнисот е област за која постојано треба да се учи и развива. Да веруваат во својата визија и секогаш да се обидуваат да ја реализираат својата идеја." - истакна Валентина Тасева. На настанот таа сподели и свои искуства и што е потребно да се дојде до успех.

“Како и секој претприемач освен бизнисот, сакам да ги истакнам и другите животни вредности и да го опишам мојот живот во еден ден. Семејството е на прво место, спортот, утринското кафе со кое размислувам за нови идеи, работата и тимот, читањето книги се само дел од сите вредностите кои ме прават она што сум и ми даваат енергија да се борам понатака. Секој кој сака да развива свој бизнис може да ми се обрати за бесплатни совети и менторство.”- дополни Валентина Тасева.

Настанот Womenpreneurs Stories е организиран во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Public Room и Grouper.mk.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 22:55