Иран ќе го задржи своето присуство во Сирија се додека сириските власти го сакаат тоа, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани на прес-конференција во Њујорк.
Според него, Иран е во Сирија на барање на владата во Дамаск.
- Ние ќе останеме во Сирија се додека сириските власти имаат потреба од нас, рече иранскиот претседател и додаде дека иранските сили во Сирија се само воени советници.
Иранскиот претседателот изјави дека една од главните задачи на Иран во Сирија е комплетен пораз на терористичките групи и оти има напредок во однос на тоа прашање. Тој потсети дека неодамна се сретна со лидерите на Турција и Русија што довело до намалување на тензиите околу провинцијата Идлиб и овозможило да се намалат тензиите во регионот.
Рохани изрази надеж дека во Сирија ќе почне политички процес, и оти „што е можно побрзо ќе биде усвоен новиот устав“ и ќе биде избрана нова влада. На прашањето дали Башар Асад ќе остане на власт во Сирија, Рохани одговори дека тоа ќе зависи од волјата на сирискиот народ и од „резултатите од изборите“.