Легендарниот македонски голман Благоја Истатов почина денеска во 71. година од животот.

Истатов целиот свој живот го посвети на фудбалот. Негов матичен клуб е Беласица, а настапуваше и за Победа од Прилеп, белградски Партизан и Утрехт од Холандија.

Беше дел и од поранешната југословенска репрезентација.

По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската работа. Во еден период работеше со голманите од македонската репрезентација, а потоа се вклучи во работата на ФФМ како член на Управниот одбор.

Се уште не е објавено кога и каде ќе биде погребан Благоја Истатов.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2018 11:12