Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски по вчерашното гостување (3:0) против Македонија ЃП, признава дека тимот е во криза. Искусниот фудбалски стручњак смета дека серијата од три порази може да се прекине само со напорна работа.
- Очигледно е дека тимот го зафати криза. Резултатите и игрите не се на посакуваното ниво, но ќе мора да излеземе посилни од сето ова. Добро е што се случува сега, кога се уште сме на почетокот на првенството, имаме време да се подобриме во сите сегменти. Ќе ја анализираме ситуацијата, и тимски, и поединечно, и не треба да паѓаме психолошки, туку да се издигнеме и да излеземе посилни со напорна работа, вели Јовановски за клупскиот сајт на „романтичарите“.
Работнички в сабота на домашен терен ќе ја пречека Беласица, во рамките на осмото коло од Првата македонска фудбалска лига.