Пратениците од Европската унија се подготвуваат овој месец да побараат од европската Агенција за кибер безбедност и заштита на податоците да спроведат контрола во Фејсбук.
Во нацрт-резолуцијата поднесена денеска до Комитетот за граѓански слободи и правда на Европскиот парламент, Фејсбук е повикан да прифати „целосна и независна ревзиија на својата платформа која истражува заштита на податоците и безбедноста на личните податоци".
Претседателот на Комитетот за Европскиот парламент, Клод Морес, кој ја подготви резолуцијата, рече дека проверки „мора да се направат".
- Не само што политиката и акциите на Фејсбук потенцијално ги загрозуваат личните туку и тие имаат влијание врз резултатите од избори и довербата на граѓаните во дигиталните решенија и платформи", рече Морес.
Комитетот планира да ја усвои резолуцијата до 10 октомври и на крајот на октомври за да го достави до Парламентот, што остава доволно време за изборите на ЕУ во мај 2019 година.