Министерот за спорт на Турција, Мухарем Касапоглу изрази разочарување дека земјата не ја добила организацијата на Европското првенство во 2024-та година, но истакна дека „загубата не е за нашата земја, туку за ЕП 2024“.
Извршниот комитет на УЕФА одлучи домаќин на шампионатот по шест години да биде Германија, откако трикратниот европски шампиони доби 12 гласа наспроти само 4 за Турција. - Од гледна точка на УЕФА и ЕП 2024 тажно е дека нашата земја не доби право да биде домаќин, и покрај сите наши квалитети. Јасно е дека од организациска гледна точка нашите стандарди и квалитети се на високо ниво. Квалитетот и новините на нашите стадиони се очигледни. Во таа смисла, ние не изгубивме ништо како земја, ЕП 2024 загуби од гледна точка на искуство и гостопримство, прокоментира кратко Касапоглу, цитиран од турските медиуми.