Стравувајќи од пропаст на европскиот план, седуммина европски политичари упатија повик за реформа на Европа за да се запрат популистите со реформи на европските парламентарни групи.
Осум месеци пред европските избори, тие сметаат дека треба да се дејствува или европскиот проект ќе пропадне. Нагласуваат дека Европа е застарена поради еколошките, економските и миграциските предизвици.
Потписници се Кристофер Кастанер, од Република во движење (LREM), Ги Верхофштат, поранешен белгиски премиер, Матео Ренци, сенатор и поранешен италијански претседател на владата. Алберт Ривиера, претседател на партијата Граѓани (Ciudadanos, Шпанија) Џозеф Мускат, претседател на Лабуристичката партија и премиер на Малта, Александар Печтолд, политички лидер на холандската партија Демократи 66 и Дачијан Циолош, претседател на движењето Романија заедно, поранешен романски премиер и поранешен европски комесар.
Повикот е опбјавен во неколку дневни европски весници меѓу кои и Либерасион и во Гардијан.
Потсетувајќи на двете светски војни, и изградба на Европа, тие тврдат дека не сакаат да бидат „заспана генерација“ додека избори во Европа покажуваат на пробивање на популистичките партии кои не се согласуваат со сегашниот европски модел.
– Не се работи само за надминување на поделби или предупредувања дека сите Орбан-и, Ле Пен-ови, Салвини на Европа не знаат ништо друго освен да ја обвинуваат Европа за сите зла, не предлагајќи ништо конструктивно, тврдат претставниците на тие различни европски партии.