Синдикатите на вработените во нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ од шест европски држави денеска организараат штрајк, кој се очекува да ги попречи летовите низ целиот континент.

Штрајкуваат синдикатите на „Рајанер“ во Германија, Шпанија, Португалија, Белгија, Италија и Холандија. Можно е над 2.000 летови да бидат откажани поради штрајкот, од кои 250 само во Германија.

- Имавме сериозни закани од компанијата и затоа сме многу задоволни што колегите се приклучија на штрајкот, изјави Мира Нојмајер од германскиот синдикат Верди.

Вработените бараат повисоки плати и подобри услови за работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 10:39