Претставници на Владата во Кабул и на талибанското исламистичко движење се сретна во Саудиска Арабија на преговори, чија цел е да се обезбеди стабилност во Авганистан во пресрет на парламентарните избори во октомври, како и размена на заробеници од долгогодишната граѓанска војна.
Авганистанските власти не беа сигурни дека изборите воопшто ќе може да се одржат поради серијата талибански напади.
- Тие побараа од нас да им помогнеме изборите да поминат мирно, изјави еден талибански претставник на разговорите.
Ова е втор обид за преговори со талибанците, откако претходниот, инициран од САД не успеа поради американското барање да се обезбеди и тримесечен прекин на огнот.
САД и авганистанската Влада не сакаа формално да ги коментираат или потврдат преговорите во Саудиска Арабија.