Руската војска планира во рекорден рок да подигне црква во Москва, за која сега бара донации.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека проектот има поддршка на црквата и државата, но, најголемиот дел ќе биде финансиран од донации.

На социјалните мрежи уследија пораки со поддршка на проектот и војската и неколку коментари за изгледот на идната црква.

Некои истакнаа дека црквата наликува на зградите и замоците од Вестерос, од шпицата на познатата серија „Игра на престоли".

Црквата Воскресение ќе биде подигната во Патриотскиот парк, каде што ќе има музеј во кој граѓаните ќе можат виртуелно да ги гледаат славни битки.

Целта на подигнување на црквата е „симболизирање на духовните вредности на руската војска, која мечот го носи само за да ја заштити татковината", се вели на интернет страницата на проектот.

Црквата, ќе биде маслинесто зелена- боја на војската, ќе биде направена од стакло и метал, а ќе има и купола во која ќе бидат прикажани светители заштитници на војниците.

Ќе биде висока 95 метри - што ќе ја направи една од највисоките православни цркви во светот, но само четврта во Русија - со 10.950 квадратни метри и капацитет за 6.000 луѓе.

Во близина на црквата ќе има низа статуси на христијански светители, кои имаат врска со војската - од пророкот Елај, до средновековниот Александар Невски, кој беше прогласен за светец.

Генералот Шојгу сака црквата да биде завршена до 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во 2020 година.

Православната црква одамна е симбол на рускиот национален идентитет, а пред револуцијата од 1917 година, беше вообичаено цркви да бидат посветени на воените победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 20:46