Антонио Конте е првиот избор на Милан за замена на Џенаро Гатузо, но судскиот процес на Италијанецот со Челзи претставува сериозна пречка, објави „Газета Дело Спорт“. Поранешниот тренер на Италија и Јувентус уште еднаш се поврзува со тренерската позиција кај „росонерите“, а серијата неуспешни резултати на Милан сериозно го тресе столчето на Гатузо. Конте го тужи Челзи за негово отпуштање во текот на летото, барајќи компензација од 10 милиони евра за предвремено прекинување на договорот помеѓу двете страни. Искусниот стратег ја освои Премиер лигата во својата прва сезона на чело на тимот, а една година подоцна го додаде и трофејот од ФА Купот во витрините на клубот. Конте потоа беше заменет од Маурицио Сари за време на летните подготовки.