Во Реал Мадрид тешко дека биле толку изненадени кога на крајот на сезоната Зинедин Зидан одлучи да го напушти клубот. Тогаш претседателот Флорентино Перез објасни дека тоа е голем шок за сите, бидејќи никој не очекувал такво нешто. Во денешното издание, „Марка“ сепак тврди дека францускиот стратег сакал да си замине уште од февруари. Ова се случило по сензационалната елиминација од Леганес во Шпанскиот куп. Зидан потоа му рекол на Перез и на извршниот директор Хозе Анхел Санчез дека не се чувствува доволно уверен за да остане на клупата на Реал. Но тие успеале да го одвратат од намерата да поднесеоставка. Зизу продолжи да го води Мадрид и ја освои Лигата на шампионите, но резултатите во Лигата не беа задоволителни.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 14:51