Вест Хем ја продлабочи кризата во Манчестер Јунајтед, откако ги порази „црвените ѓаволи“ со 3:1 на својот стадион „Лондон“. „Чеканите“ ги искористија своите ситуации, додека противникот дефинитивно покажа дека атмосферата во тимот не е воопшто добра, играа без расположение, а тензиите врз Жозе Мурињо сега ќе станат сѐ поголеми. Домаќините поведоа со два гола до паузата, а иако неизвесноста се врати со гол на гостите на дваесет минути пред крајот, домаќините си го загарантираа успехот со нов гол и така веќе имаат 7 поени, додека Јунајтед останува со 10 на табелата во премиер лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 16:00