Бројот на жртвите во двата земјотреси и цунамито кое го предизвика вториот посилен потрес во Индонезија надмина 400 лица, соопштија локалните власти.

Владата соопшти дека загинале најмалку 405 лица, а стотици се повредени.

Спасувачките екипи се уште не можат да стигнат до градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на потресот. Постои опасност бројот на загинатите да достигне неколку илјади.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 17:02