Екипата на Вардар продолжува со својата победничка серија, откако попладнево во Штип ја совлада прилепска Победа со 0:1 (0:0) и нема пораз веќе во пет натпревари по ред.

Голот вреден три бода го постигна Бразилецот Лира во 56-тата минута.

На тој начин Вардар останува на чело на табелата со 17 бода, два повеќе од Академија Пандев, кои денеска ремизираа на свој терен против тетовска Шкендија - 0:0.

Резултати од денешното коло во ПМФЛ:

Работнички - Беласица 1:1

Ренова - Шкупи 2:0

Силекс - Македонија ЃП 1:1

Академија Пандев - Шкендија 0:0

Победа - Вардар 0:1

Табела:

1. Вардар 17 бода

2. Академија Пандев 15

3. Шкендија 14

4. Победа 11

5 Работнички 9



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 20:20