Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека неговиот тим не е меѓу кандидатите за титулата во Премиер лигата оваа сезона. - Ќе биде многу тешко да се заврши на едно од првите две места. Мислам дека Манчестер Сити и Ливерпул се чекор напред и битката ќе биде многу тешка. Ќе се бориме за место во Лигата на шампионите. Тука е многу тешко дури и да бидеш во топ четири. Постојат шест-седум тима на многу високо ниво, кои дури се меѓу најдобрите во цела Еворпа, а не само во Англија. Треба да бидеме што е можно поблиску до водечките тимови во лигата и да продолжиме да развиваме, изјави Сари. Челзи вчера одиграа 1:1 со Ливерпул на „Стемфорд Бриџ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2018 09:52