Халфот на Челзи, Еден Азар призна дека бил многу блиску до тоа да заигра на „Сантијаго Бернабеу“. Toj претходно беше поврзуван со Реал Мадрид по продажбата на Кристијано Роналдо во Јувентус. - Искрено, по Светското првенство бев решен на трансфер, бидејќи мојот сон е еден ден да играм во Шпанија, изјави Азар по ремито на Челзи со Ливерпул. Белгиецот не жали за одлуката да остане во Лондон. - Зборував и со клубот и со тренерот и им реков дека ќе останам и гледам наназад кон тоа како на правилно решение, бидејќи сега сум многу среќен. Имам уште две години од договорот и може да го продолжам, додаде ѕвездата на тимот од Лондон.