Раководството на Манчестер Јунајтед негираше дека води разговори со Зинедин Зидан за менаџерската позиција на клубот, објави Телеграф. Сепак, според изданието, клубот се уште дебатира дали Жозе Мурињо е човекот кој може да го извлече клубот од кризата во која западна. Во саботата „црвените ѓаволи“ загубија со 1:3 од Вест Хем и веќе заостануваат со 9 поени од лидерите на табелата Манчестер Сити и Ливерпул, откако се наоѓаат во серија од 3 последователни натпревари без победа во сите натпреварувања. Во прилог на лошите резултати, Манчестер Јунајтед е во центарот на внимението и поради конфликтот помеѓу Мурињо и ѕвездата на тимот - Пол Погба.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2018 12:50