Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Стив Брус, ги повика шефовите на клубот да застанат на страната на Жозе Мурињо, во неговата се поочевидна конфронтација со Пол Погба.
Менаџерот и францускиот играч од средниот ред се во состојба на „студена војна“ која тешко ќе се надмине, откако тренерот ја одзеде капитенската лента од раката на светскиот шампион.
- Отсекогаш имало влијание на играчите во соблекувалната до одреден степен, но мора да постои неопходна почит помеѓу играчот и менаџерот. Бев во тимот под самиот Алекс Фергусон и тој ја имаше оваа почит од играчите. Нас секогаш не ни се допаѓаше тоа, но покажувавме почит. Ако овој став исчезне, тогаш „лудите ќе почнат да ја водат лудницата“. Ситуацијата се претвора секој за себе. А во принцип, еден човек мора да одговора за сѐ. Ако ова не е случај, јас гарантирам дека секој клуб - не само Манчестер Јунајтед - ќе има проблеми. Ќе има анархија“, изјави актуелениот тренер на Астон Вила.
Инаку Стив Брус има три титули како играч на „црвените ѓаволи“.