Иранската Револуционерна гарда соопшти дека испукала балистички ракети врз експремисти во источниот дел од Сирија кои ги обвинува за неодамнешниот напад на воена парада во Ахваз.

Ирански државни медиуми јавија дека екстремисти „се убиени и ранети“ во Сирија, но не ги прецизираа информациите.

Сириските државни медиуми не објавија дека се случил напад.

Проектилите биле лансирани по нападот врз воената парада во Ахваз во кој беа убиени најмалку 24 луѓе и ранети повеќе од 60. Иран ги обвинува арапските сепаратисти за нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 11:09