Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изјави дека синоќешната победа над Сасуоло (4:1) во натпреварот од 7. круг од првенството во Италија ќе му помогне на тимот да ја зголеми самодовербата.

- Покажавме добар фудбал. Наш проблем е тоа што противниците се бранат премногу длабоко. Победата над Сасуоло ќе му помогне на Милан да се стекне со доверба во сето она што го работиме. Јасно е дека клуб како Милан секогаш е под притисок да победува. Но, се уште ни треба време да растеме, изјави Гатузо.

Милан со девет бода се наоѓа на 10.место по седум рунди во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 12:53