Голманот и капитен на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев го објави своето пензионирање од рускиот национален тим. Боите на Русија ги бранеше од 2004 до 2018 година.
- Секоја приказна има свој почеток и крај. Така е и со мојата приказна со националниот тим. Беше голема чест за мене да го предводам рускиот тим на домашен терен на светски шампионат како капитен. Искрено, јас дури и не сонував за тоа. Но, тоа се случи и веројатно стана врв на мојата кариера во националниот тим, изјави Акинфеев.
Петнаесет години во тимот е огромно време. Секоја година станува се потешко да се игра на два фронта, за да се префрлат максималните оптоварувања. Со оглед на повредите од минатото, потребно е повеќе време за закрепнување. И сега сфатив многу јасно дека е време да им отстапам место на помладите колеги, додаде рускиот голман.
Акинфеев одигра 111 натпревари за национален тим и е втор по бројот на настапи во „Зборнаја“, веднаш зад Сергеј Игнашевич кој има 127.