Претседателот на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, рече дека вратата на „Камп Ноу“ за Пеп Гвардиола е отворена во случај тој да одлучи да се врати во каталонскиот клуб.

Во моментов, 47-годишниот фудбалски стручњак е тренер на Манчестер Сити.

- Тој е гениј. Знае дека вратата Барселона е секогаш отворена за него. Првично, никој не го сакаше неговото заминување. Но, тоа беше неговиот избор. Ние сигурно ќе го поддржиме Гвардиола ако сака да се врати, соопшти бартомеу.

Под водство на Гвардиола (2008-2012), Барселона три пати стана шампион на Шпанија и два пати ја освои Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 14:38