По повод 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД) и Акциската програма 2019 година денеска во Женева започна Регионална конференција на тема „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“.

Регионалната конференција е во организација на Економската комисија за Европа на Обединети нации (УНЕЦЕ) и Фондот за население на ОН (УНФПА) на која ќе бидат проценети напредокот, а исто така ќе бидат идентификувани недостатоците во спроведување на Акциската програма на ИЦПД во УНЕЦЕ регионот.

На почетокот од конференцијата беше истакнат напредокот на имплементација на Акциската програма на ИЦПД, усвоена во 2014 година, при што беше реафирмирана агендата на ИЦПД. Учесниците потенцираа дека луѓето треба да бидат во центарот на развојот, со посебно внимание на човековите права, половата еднаквост, здравството и образованието, посебно осврнувајќи се на образованието на девојчињата.

Учесниците потенцираа дека луѓето кои живеат во УНЕЦЕ регионот живеат подолго, имаат поздрав живот и имаат повисоко образование во однос на минатите генерации.

Тие, исто така, потенцираа дека тоа се должи на подобрување на јавното здравје и подобар пристап до јавното здравство, особено на сексуалното и репродуктивно здравје, напредокот во медицината, како и водење на поздрав живот.

Нагласено е и дека националните влади треба да инвестираат во човековиот капитал преку животниот стил на индивидуите, посебно со градење на капацитети за адолесцентите и младите луѓе, со цел тие да го разиваат целосниот потенцијал.

Исто така, е побарано унапредување на образованието, посебно кај девојчињата, како и подобрување на човековите права.

Треба да се заштитат човековите права на мигрантите, посебно на жените, кои се посебна ранлива група и кои биле жртви на трговци со луѓе, посебно на девојчињата.

Учесниците се фокусираа и на лицата со попреченост и на нивните права.

На првата сесија од страна на учесниците беше потенцирано влијанието на климатските промени во УНЕЦЕ регионот и емисиите на штетни гасови. Тие се заложија за усвојување на политики за справување со климатските промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 14:46