Македонскиот фудбалски судија Александар Ставрев ќе суди на натпреварот од групата И во Лига Европа меѓу Малме и Бешикташ.

Натпреварот ќе се игра во Шведска на четврти октомври на стадионот во Малме, а помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија е Никола Караколев.

За Ставрев ова ќе биде четврти натпревар во Лига Европа сезонава, откако претходно судеше на натпреварите Лајпциг - Хакен (второто квалификациско коло), Брага - Зорја (третото квалификациско коло) и плеј-оф натпреварот меѓу Карабах и Шериф.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 17:07