По излезот од ЕУ, Велика Британија ќе им даде приоритет на високо квалификуваните мигранти, без разлика од која земја доаѓаат, изјави британската премиерка Тереза Меј.
- Кога ќе ја напуштиме Европската унија, ќе воведеме миграциски систем кој еднаш засекогаш ќе стави крај на слободното движење на европските граѓани во Обединетото Кралство, стои во коминике на Меј.
Според неа, тоа ќе биде систем врз основа на квалификациите на работниците, а не на нивното потекло.
- Тој систем ќе биде свртен кон целиот свет и ќе привлекува луѓе со професионални вештини какви што ни се потребни, истакна британската премиерка и додаде дека новиот систем ќе овозможи да се намали бројот на ниско квалификувани мигранти и ќе и помогне на Велика Британија да ја намали миграцијата до одржливи нивоа.