Високиот комесар за бегалци на ОН изјави дека само малку од милионските сириски бегалци во странство се вратиле во својата татковина, и посочи дека спасувачките операции во Медитеранот станале „заложници на политиката" и треба да продолжат.
Италијанецот Филипо Гранди зборуваше на редовниот годишен состанок на Извршниот комитет на Агенцијата за бегалци во Женева и ја повика Европската унија да ја задржи својата актуелна политика за обезбедување на азил на мигрантите.
Тој забележа дека Либија, која е главната локација од која мигранти одат низ Средоземното Море во Европа, во последните месеци ја зајакнала својата крајбрежна стража, но, не и другите институции. Како резултат на тоа, многу мигранти и бегалци се насилно вратени во Либија, каде што се жртви на експлоатација и апсење во ужасни услови.
- Така споделувањето одговорност се претвори во бегство од одговорност, рече Генди, осврнувајќи се на аргументите на ЕУ за миграцијата.
- Одбивањето на овие луѓе не може да биде одговор, а пазарењето за секој поединечен брод (со бегалци), дури и кога преговорите завршуваат успешно, не е добро решение, рече тој.