Поранешниот тренер на Интер, Франк де Бур смета дека Мауро Икарди не заслужува да ја носи капитенската лента во тимот на „неро-азурите“, без разлика на неговите фудбалски квалитети.

- Икарди е одличен играч, но сигурно не е за капитен. Има направено работи кој не се достојни за еден капитен. Се има скарано со навивачите... Сепак, кога јас бев тренер не му ја одземав капитенската улога поради тоа што сметав дека тоа негативно ќе се одрази на него, рече Де Бур.

Холандскиот стручњак како идеално решение за капитен на Интер го гледа Самир Хандановиќ.

Де Бур во својот краток престој како тренер на Интер од август до ноември 2016 година на 14 натпревари немаше многу успех.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 14:30