Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт - АД Скопје и во наредниот период остануваат посветени на изнаоѓање решение со цел да се овозможи меѓународен железнички сообраќај, порачуваат од Министерството како реакција на објавените информации за укинување на железничката линија Белград -Солун.

- Во изминатиот период, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт - АД Скопје, во неколку наврати иницира средби со релевантните владини институции и железнички компании од Србија и Грција, на кои се бараа алтернативни решенија за да не дојде до укинување на железничката линија Белград-Солун. На сите средби, од страна на Српските и Грчките железници беше потенцирано дека единствена причина за укинување на оваа линија е непостоење на економска исплатливост за нејзино оддржување, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Оттаму нагласуваат дека заедно со МЖ Транспорт - АД Скопје ниту имаат можност, ниту надлежност да влијаат врз деловната политика на националните железнички компании во Србија и Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 17:05