Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар призна дека се уште е далеку од оптималната форма. Бразилецот се надева дека постепено ќе ја подобрува играта и ќе биде 100 проценти подготвен за решавачките натпревари на пролет.

- Не сум 100 отсто подготвен, но тоа важи за секого. Уште е почеток на сезоната, одигравме само неколку натпревари, а најважните фудбалски натпревари се играат во февруари-март, изјави најскапиот фудбалер на светот, цитиран од „Франс Прес“.

Тој додаде дека веќе нема проблеми со повредата, поради која отсуствуваше од игра во вториот дел од ланската сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 19:56