ЦСКА Москва синоќа го совлада европскиот шампион Реал Мадрид (1:0), а тренерот на гостите причината за поразот ја гледа во немањето доволно среќа на неговиот тим.
- Имавме многу шанси, но не успеавме да реализираме. Три пати ја погодивме рамката на голот, се обидувавме на разни начини. Немавме среќа. Натпреварот доби неочекуван тек за нас и се одвиваше како по совршено сценарио за ЦСКА, рече Лопетеги.
Тој побара неговите играчи да не ја губат самодовербата и да продолжат да работата на ефикасноста.
- Ова е рецептот. И натаму ќе играме офанзивно. Фудбалерите ја имаат мојата поддршка. Ќе дојдат и головите и победите, додаде предводникот на Реал Мадрид.
По две рунди во Г-групата од Лигата на шампионите, ЦСКА е прва со четири бода, Реал и Рома имаат по три, Викторија Плзењ е последна со еден освоен бод.