Баерн Минхен трет натпревар по ред не знае за победа, што е знак за тревога кај тренерот Нико Ковач. Баварците синоќа на свој терен ремизираа со Ајакс (1:1) во меч од Лигата на шампионите на кој први дојдоа во водство.

- Ова никој не го очекуваше. Но, тоа е фудбалот. Можеби на почетокот изгледаше лесно кога влеговме во серија од седум победи. Сега е време за тревога. Треба да ги засукаме ракавите и да ја прекинеме низата од три средби без триумф. Мораме да се вратиме на игрите од почетокот на сезоната, изјави Ковач.

По две рунди во ЛШ, во Е-групата водат Баерн и Ајакс со по четири бода, Бенфика има три, последен е АЕК без освоен бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 11:05