Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по ремито со Валенсија (0:0) изјави дека овој бод може да биде пресуден за конечниот пласман на крајот во Е-групата.
Португалецот кој се наоѓа пред отказ поради слабите резултати и лошата атмосфера во тимот, рече дека неговите избраници одиграа нешто подобро од претходно, но тоа не беше доволно да се совлада Валенсија.
- Го подигнавме нивото од аспект на посветеност, интензитет и желба. Но тоа не беше доволно за победа, иако сметам дека немаше да биде незаслужено ако на крајот ние се радувавме. Сепак и бодот без примен гол на крајот може да се покаже како многу значаен, рече Мурињо.
Во Х-групата од Лигата на шампионите Јувентус е лидер со шест бода, Манчестер Јунајтед има четири, Валенсија еден, Јанг Бојс е без бод.