Манчестер Јунајтед се соочува со казна од страна на УЕФА, поради доцнењето на „Олд Трафорд“ на натпреварот против Валенсија во Лигата на шампионите.

Натпреварот доцнеше пет минути, што пак влијаеше врз распоредот на телевизискиот пренос на светско ниво, бидејќи тимот на Јунајтед пристигна на стадионот 45 минути пред натпреварот, а според правилникот на Лигата на шампионите екипите мора да бидат на стадионот најдоцна 75 минути пред закажаниот почеток.

Тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, за доцнењето ја обвини полицијата, бидејќи навреме не организирала тим за обезбедување.

Натпреварот заврши со реми без голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 20:10