Стрелецот на победничкиот гол за Наполи, синоќа во Лигата на шампионите против Ливерпул, Лоренцо Инсиње, рече дека неговиот тим по секоја цена ја посакувал победата.
- Одигравме одлично. Одевме на триумф по секоја цена. Сега малку ќе уживаме, а потоа ќе се насочиме кон следниот наш дуел, против Сасуоло во Серија А. Знаевме дека групата во ЛШ ќе биде тешка, тоа се покажа по двете воведни рунди. Ќе даваме се од себе на секоја средба, па ќе видиме до каде ќе стигнеме, изјави Инзаги.
Тој синоќа во последната минута од основните 90 ја погоди мрежата на гостите од Ливерпул за огромна радост на „Сан Паоло“ во Неапол.
По две кола, Наполи е лидер во Ц-групата со четири бода, Ливерпул и ПСЖ имаат по три, Црвена ѕвезда е последна со еден освоен бод.