Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси по натпреварот од втората рунда во Лигата на шампионите против Тотенхем (4:2) рече дека амбициите на клубот се победи на сите натпреварување, но потенцира дека шампионската лига е најпосакуваниот трофеј.
Аргентинецот во првите два натпревари постигна 5 гола.
- За секој играч, Лигата на шампионите е цреша на тортата. Но, за успех на овој турнир треба да играте добро во шампионатот. Значи сите турнири се важни за нас. Патот во Лигата на шампионите никогаш не е лесен. Особено против тим како Тотенхем. Имавме одличен натпревар, а првото полувреме беше фантастично, истакна Меси.
Во Б-групата Барселона и Интер се на првите две позиции со максимални шест бода, Тотенхем и ПСВ се без освоен бод.