Фудбалерот на Барселона, Жорди Алба верува дека за најдобар играч на годината ФИФА требаше да го прогласи неговиот клупски колега Лионел Меси.

-Наградата за најдобар не отиде во вистински раце. Модриќ е еден од најдобрите фудбалери во светот. Но, Меси е на сосема друго ниво, тој игра во друга категорија, тој е специјален, изјави Алба.

Светската фудбалска федерација неодамна за играч на годината го прогласи Лука Модриќ од Реал Мадрид.

Меси на годинашниот избор не влезе ниту во најтесниот круг од тројца претенденти. Тој не присуствуваше на свечената церемонија на доделување на ФИФА признанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 12:49